Shutterstock.com

Бил Гејтс како негов главен телефон користи Android телефон, а тоа го има кажано и во претходни интервјуа. Во разговор со новинарот Ендру Рос Соркин, како и ко-основачот на новата и популарна платформа достапна преку покана и само на iOS, Пол Дејвидсон, Гејтс дава и објаснување зошто се има решено за Android.

Во основа, Гејтс истакнува дека иако тој има и iPhone поради тоа што сака да биде во тек со работите, неговиот главен телефон сепак е Android. Причината за тоа е што дел од производителите на Android телефони пред-инсталираат Microsoft апликации, па тоа ги олеснува работите за него.

Исто така, Гејтс истакнува дека Android нуди поголема флексибилност за тоа како софтверот се поврзува со оперативниот систем, па на крајот затоа решил да користи Android телефон.

Дефинитивно Android, посебно уредите од Samsung, се повеќе интегрирани со сервисите и апликациите од Microsoft, па корисниците не само што не мораат да ги инсталираат дел од апликациите, добиваат и поврзаност со одредени сервиси, како на пример OneDrive.

Исто така, познато е дека Apple има поголема контрола врз оперативниот систем, па дел од можностите кои ги имаат програмерите на Android апликации, не се достапни на iOS.

Ко-основачот на Clubhouse истакна дека Android верзија од нивната апликација е во изработка, па нема да остане ексклузивно достапна на iOS.

ИЗВОРPMag
Претходна статијаiPhone 13 ќе дојде со помал исечок на екранот и 120Hz стапка на освежување кај дел од моделите
Следна статијаНајчестите измами во дигиталниот свет: Лажни наградни игри и анкети
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.