Наредната генерација од P серијата на Huawei, која е секогаш одлична и е во категоријата на најпродаваните телефони од високата класа на пазарот, треба да биде претставена во првата четвртина од оваа година. Неофицијалните информации се секогаш дел од новостите пред најавата на еден модел, па еве неколку поврзани со Huawei P50.

Huawei се очекува да конечно почне да става една селфи камера во мала дупка на средината од екранот, нешто што се има покажано како најдобро место, каде и така ретко има нешто на екранот во тој дел.

Исто така, според информациите, најдобриот модел од серијата треба да дојде со 120Hz стапка на освежување на екранот, нешто што полека станува стандардно кај телефоните од високата класа. Штета е само што најавите се дека оваа стапка ќе биде само за најдобриот во серијата, а другите модели ќе дојдат со стапка од 90Hz, што сепак е подобро од стандардната од 60Hz.

Нема најави за тоа каква ќе биде резолуцијата на екранот, но можно е да видиме зголемување на истата, а најавите кажуваат дека екранот нема да биде послаб од тој кај Mi 11, што ги прави очекувањата доста големи.

За камерите се најавува дека ќе останат да бидат во соработка со Leica. Полнењето треба да биде со одлични 65W, како и 50W за безжичното полнење. Од Huawei наводно размислуваат дали да овозможат полнење од 135W, но тоа останува да видиме.

За камерите исто така се најавува дека ќе дојдат со можност за 200x зумирање, а со оглед на квалитетот на сликата, изгледа конкуренцијата оди во правец на можноста за зумирање.

P50 наводно ќе дојде и со 4 звучници кои треба да овозможат доста подобро искуство при слушање музика или гледање на видео содржина.

ИЗВОРGizchina
Претходна статијаБеспорочен (Pure): Нова криминалистичка серија инспирирана од морничави вистинити настани пристигнува на Pickbox NOW
Следна статијаHuawei рангиран како најдобар 5G оператор според најновиот извештај на Ookla
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.