Новата канадска криминалистичка серија Беспорочен (Pure) на Pickbox NOW пристигнува на 22 јануари. Инспирирана од вистинити настани, оваа драмска серија ќе ве воодушеви со лудата приказна и одличните, сложени ликови.

ИНСПИРИРАНА ОД ВИСТИНИТИ НАСТАНИ

Инспирирана од вистинити настани, Pure се врти околу една мрежа од организиран криминал и шверц на кокаин и марихуана од Мексико во Канада и САД. Дејствието се одвива во измислениот град Антиок во Онтарио, каде што го следиме новоизбраниот менонитски свештеник Ноа Фанк, кого го игра одличниот канадски актер Рајан Робинс.

Ноа сака да реши еден проблем со трговијата со дрога во својата заедница, па го пријавува својот пријател во Полиција. Но наместо да го реши проблемот, постапката на Ноа го носи во спротивна насока. Имено, водачот на мафијата, Ели Вос, му поставува ултиматум – за да го заштити своето семејство, тој мора да се вклучи во незаконски операции. Неговите верувања и принципи ќе бидат ставени на искушение на секој чекор.

Во останатите улоги се А. Џ. Бакли, Питер Аутербриџ, Алекс Пакстон-Бисли и Рози Перез.

КАНАДСКИОТ BREAKING BAD

Совршена комбинација од драма, криминалистичка серија, дрога, морални проблеми и сложени ликови, драмската серија Pure нема да ве остави рамнодушни. Некои ја нарекуваат канадскиот Breaking Bad, но сите се согласуваат со фактот дека ова е една од најдобрите нови канадски серии.

Не пропуштајте ја криминалистичката серија Беспорочен (Pure) на Pickbox NOW од 22 јануари.

ЗА PICKBOX NOW УСЛУГАТА НА БАРАЊЕ

Pickbox NOW го носи најдоброто од холивудската и европската продукција од светот на сериите и филмовите преку онлајн услугата за видеа на барање и преку понудата на избрани телеком оператори во Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Претходна статијаА1 подарува смартфон и телевизор за активација на електронска сметка
Следна статијаHuawei P50 се најавува дека ќе дојде со 120Hz екран, без исечок за камерата, како и 200 пати зумирање