Android-5-Concept

Тајванскиот производител дефинитивно незаслужено има пад на продажбата на паметни телефони – нивните модели имаат супериорни перформанси и карактеристики. Сепак, ако може да се верува на протечените информации од кинескиот Weibo, сламката за спас ќе дојде од соработката со Google, во која тајванскиот производител има договорено да ги произведува Nexus смартфоните во наредните три години.

За разлика од HTC One, Nexus линијата има константен раст на популарноста и годинава има прилично успешни два играчи – Nexus 5X изработен од LG и Nexus 6p изработен од Huawei. Благодарение на ова, HTC би можел буквално да се ревитализира само преку производството на овие смартфони, слично како што HTC Nexus One – првиот смартфон на Google го вивна тајванскиот производител на Android сцената во 2010 година.

gsmarena_002

Последен уред кој HTC го направи во соработка со Google беше Nexus 9 таблетот, кој имаше прилично моќни перформанси, одличен дисплеј и квалитетна изработка – атрибути кои ги красат сите HTC телефони и уреди.

Според тоа, можеме да очекуваме дека Nexus линијата на смартфони ќе ги наследи сите овие карактеристики и би требало да понуди високо квалитетни уреди – најверојатно по два секоја година, односно еден помал и еден поголем.

Некои информации велат и дека Nexus уредите од HTC ќе имаат 3D Touch систем како во Apple iPhone 6S, но таа технологија верувам ќе ја имаат повеќето од Android телефоните наредната година.

Google-Nexus-9-spread

HTC инаку наскоро треба да го претстави својот нов знаменосец наречен „10“, кој би требало да донесе ситни промени во дизајнот, подобар дисплеј, помоќен процесор и многу подобра камера, но ќе има и неколку уназадувања, како на пример недостатокот на стерео “Boom Sound” звучници во предниот дел.

Извор: Ubergizmo, GSMArena, TechnoBuffalo

Претходна статијаApple закажа настан за 21-ви март – Се очекува претставување на нови iPhone и iPad модели
Следна статијаРамстор Мол е првиот локален бренд на Снепчет