Screen-Shot-2016-03-10-at-12.02.07-PM-640x627

Како што се очекуваше со оглед на шпекулациите изминатиот период, Apple ќе одржи настан овој месец на којшто треба да бидат претставени нови уреди.

Настанот е закажан за 21-ви март, а ќе се одржи во кампусот на Apple во Купертино со почеток од 18:00 часот. Се’ уште нема информација дали настанот ќе може да се гледа во живо покрај на Apple уредите и на Windows 10, како последниот настан од компанијата.

На овој настан за очекува преставување на неколку нови производи, меѓу кои нов iPhone и iPad.

iPhone моделот за којшто можевме да прочитаме повеќе неофицијални информации треба да ја врати помалата категорија за корисниците кои беа и повеќе од задоволни со првите модели. SE треба да биде ознаката којашто ќе биде дел од името, а се очекува да ги има карактеристиките од 6S моделите, со исклучок на 3D Touch технологијата.

Исто така се очекува и претставување на третата генерација од iPad Air таблетот којшто според неофицијалните информации нема да ја носи ознаката Air 3, туку iPad Pro, како ново претставениот и популарен поголем iPad.

Со оглед на се поголемата популарност на таблет компјутерите кои може да се користат како лаптопи, Apple се одлучи да го претстави 12,9 инчниот iPad Pro модел којшто иако имаше некои критики за тоа што работи на iOS кој не е баш прилагоден за оваа големина, се продава во одлични количини.

Претставувањето на новиот iPad ќе биде направен во тој стил, односно насочен и кон бизнис корисниците, но со помал екран за тие кои сметаат дека 12,9 инче е повеќе од тоа што им треба.

Извор: Ars Technica, MacRumors

Претходна статијаИднината пристигна: Канцеларијата е насекаде околу нас
Следна статијаHTC ќе ги прави Nexus смартфоните во наредните три години?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.