Како што беше неофицијално најавено минатиот месец, HTC ја претстави Windows Phone верзијата од својот моментално најдобар модел, One (M8) и со тоа е првиот производител кој што во својата понуда има модел кој што работи на два оперативни системи. Како што се очекуваше, One (M8) доаѓа со сите функции достапни за Android корисниците, а додадени се и некои карактеристични за Windows Phone оперативниот систем. Достапна е и Blink Feed апликацијата која што можете да ја користите како централизирано место за вашите вести и новости на социјалните мрежи. Поради споредбите на Blink Feed на Android со Windows Phone корисничкиот интерфејс, оваа апликација одлично се вклопува со оперативниот систем.
HTC One моделите се познати по квалитетната изработка која што вклучува метал на целиот телефон, а не само на страните. Најавен е во соработка со Verizon и на почетокот ќе биде достапен само за нивните корисници. Ќе се продава од денес по цена од 99 долари со договор на операторот.
HTC One (M8) for Windows доаѓа со најновата верзија од оперативниот систем, односно Windows Phone 8.1 Update 1. Тоа значи дека телефонот ги има сите нови функции моментално достапни само на корисниците на Preview for Developers како што се поддршката за папки на home екранот, како и поважната за овој телефон, поддршка за HTC Dot View Case. Оваа футрола ќе има додатна функција за разлика од таа на Android, а тоа е интеграција со Cortana која што ќе може да се активира со повлекување надоле на неа.
Што се однесува до останатите карактеристики, One (M8) for Windows вклучува двојни предни Boom Sound звучници, Duo Camera, можност за креирање на посебни апликации за Dot View футролата, како и останатите карактеристики на телефонот кој што беше претставен со Android во Март оваа година. Доаѓа со 5 инчен Full HD екран, 2.3 GHz четири јадрен Snapdragon 801 процесор со 2 GB RAM меморија, како и 32 GB внатрешна меморија со можност за проширување преку SD картица до 128 GB.
Слика: WPCentral