Аудиофили и вљубеници во добриот звук, еве една добра вест – новиот знаменосец на HTC сепак ќе има квалитетен Boom Sound звук, иако на протечените фотографии кои ви ги претставивме досега не може да се види тоа.
Во нов твитер пост, тајванскиот производител постираше фотографија на која пишува Audio 10, а во твитот “Here comes the new boom. You’ll hear it”. Ова недвосмислено најавува дека новата 10-ка ќе има некој вид на Boom Sound звучник, но каде и како ќе биде вграден останува мистерија.
Во досегашните модели на HTC, двата стерео звучници се наоѓаат во предниот дел и се лесно препознатливи, но на фотографиите кои засега ги имаме од новиот модел “10” нема ситни отвори за нив. Секако, фотографиите не се официјални, но се протечени од луѓе кои имаат одличен процент на погодени информации, па затоа е и чудна најавата за Boom Sound.
Многу е возможно Boom Sound звукот овој пат да се однесува и на посебниот засилувач и „дигитално – аналоген конвертер“ на звукот кој излегува до слушалките и кој треба да овозможи почист и помоќен звук, особено доколку корисникот вгради квалитетни слушалки кои ќе можат да го искористат тоа.
Here comes the new boom. You’ll hear it. #powerof10 pic.twitter.com/Ln3XxWZ9BO
— HTC (@htc) March 23, 2016
Останатите спецификации на HTC 10 веќе скоро целосно ги знаеме – доаѓа со супер моќниот Snapdragon 820 процесор на Qualcomm, помогнат од 4 GB рам и 32 GB простор, со можност за проширување преку micro SD, батеријата ќе има капацитет од 3.000 mAh, додека дисплејот големина од 5,15 инчи и Quad HD резолуција. Камерите би требало да се најголем скок во однос на претходниците – задната ќе има 12 мегапиксели, додека предната 5 мегапиксели.
Сите овие информации ќе можеме со сигурност да ги потврдиме на 12 Април, кога HTC официјално ќе го претстави својот нов смартфон од високата класа.
Извор: Android Central, GSM Arena, 9 to 5 Google