Карактеристично за Google, предвреме ги прикажаа телефоните кои треба да ги претстават, оваа година порано од вообичаено, на 13 август на „Made by Google“ настанот.
Тоа значи дека веќе го имаме официјалниот изглед на Pixel 9 Pro Fold, иако од компанијата не ги прикажаа баш сите детали.
Тоа што секако не е објавено од страна на Google, сега го имаме како неофицијална информација, а се однесува на дебелината на уредот на преклоп, една од најважните карактеристики на овие прилично дебели уреди.
Според информациите од Android Headlines, Pixel 9 Pro Fold треба да биде потенок од досега најтенкиот Galaxy Z Fold6, а наводно ќе биде потенок и од другиот конкурент OnePlus Open.
Дебелината на Pixel 9 Pro Fold се најавува дека ќе изнесува 10,5 милиметри кога е затворен, во споредба со 12,1мм кај Galaxy Z Fold6, односно 11,7мм кај OnePlus Open.
Ова ќе го направи Pixel 9 Pro Fold еден од најтенките уреди на преклоп на пазарот, а со тоа Google ја покажува и сериозноста со која настапува.
Настанот е за околу две недели, па ќе ги видиме тогаш официјално карактеристиките на овој интересен уред.