Полека се ближи септември кога Apple традиционално ги претставува новите генерации од нивниот iPhone. Оваа година на ред е iPhone 16 серијата, а како што се навикнавме, не очекуваме некои посебни промени во споредба со ланските, односно актуелните модели.
Instant Digital, преку Weibo, најавуваат дека кај iPhone 16 Pro моделите може да се очекува зголемување на капацитетот на батериите за доволно голем процент за да разликата биде забележлива. Овој заклучок повеќе важи за помалиот „про“ модел каде зголемувањето е скоро 10% проценти во споредба со актуелниот модел.
Според овие информации, iPhone 16 Pro ќе им батерија со капацитет од 3.577 mAh, што е за 9,25% повеќе во споредба со 3.274 mAh кој го има iPhone 15 Pro.
Во случајот со iPhone 16 Pro Max разликата е нешто помала, па овој модел треба да дојде со батерија со капацитет од 4.676 mAh, што е за 5,74% повеќе од моменталната со 4.422 mAh кај iPhone 15 Pro Max.
Иако изгледа ќе поминат уште доста години додека го видиме напредокот кај технологијата на батерии, ваквите мали зголемувања сепак донесуваат по некој дополнителен час на користење, а посебно кога ќе се земат во предвид новите и поштедливи чипови, како и оптимизацијата на софтверот.
Дополнително се најавува дека Apple ќе почнат да користат понова технологија за батериите која ќе ја зголеми густината на енергијата која ја чуваат, а од тука можеби и доаѓа зголемувањето на нивниот капацитет кај новите модели.