Google оваа година се реши нивниот главен Pixel телефон да биде од нешто пониската класа, односно од средно високата и со тоа да го продава по цена која ќе биде навистина популарна. Pixel 5 се продава за 700 долари, нешто што сигурно ќе направи да биде еден од повеќе продаваните телефони на пазарот.

Главниот показател за класата може да се каже е чипот, па така Google се одлучи за Snapdragon 765G, наместо за Snapdragon 865 кој се користи кај уредите од највисоката класа. Тоа беше мало изненадување по неколку години претставување на телефони од највисоката класа.

Иако било која цена не би можела да оправда нешто вакво, сепак може да се додаде на „отстапките“ кои Google ги има направено со цел да добие пониска цена оваа година, откритието од корисниците кои веќе го имаат купено Pixel 5.

Поточно, корисниците, како и тие кои го тестираат уредот, имаат забележано дека помеѓу екранот и телото од телефонот има мал простор. Овој простор секако не треба да го има и не може да кажеме дека до сега имаме забележано такво нешто кај други модели.

TechSpot

Ова го поставува прашањето за квалитетот на изработка, а со тоа и можноста од расипување, како и влегување на вода кај уред кој сепак е сертифициран по стандардот IP68 за отпорност од вода и прашина.

Од Google коментираат дека ова не претставува никаков проблем и дека е дел од дизајнот. Тие тврдат дека телефонот нема проблеми со квалитетот на изработка, како и тоа дека отпорноста на вода и прашина не се доведени во прашање.

Одговорот на Google укажува на тоа дека изгледа ова не е случајот само кај мал дел од уредите, па изгледа повеќето го имаат. Ова дефинитивно ќе ги замисли корисниците дали да го купат Pixel 5, кој за нас е штета што не се продава официјално во нашата земја.

ИЗВОРTechSpot
Претходна статијаWizz Air започнува со интегрирана платформа за мобилност со WIZZ RIDE овозможено од CARTRAWLER
Следна статијаПет години Magenta 1 – прославата продолжува со промотивен HBO пакет
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.