Како што беше случајот со ланските Pixel 3 модели, така и оваа година се очекуваа поевтини верзии од Pixel 4 и Pixel 4 XL уредите, со додавката „а“ во нивното име. Ланските поевтини модели беа претставени во мај, па оваа година изгледа поради корона кризата, Google го одложи претставувањето на Pixel 4a уредите.

Чудењето и чекањето за тоа дали и кога Google би ги претставиле своите нови уреди изгледа заврши. На посебна страна од Google, поставена е силуета од телефон и текст „The Google Phone“ каде помеѓу зборовите има коцки кои доколку се кликнат ја менуваат бојата.

Со повеќе притискања, може да се променат боите да бидат според редоследот на логото од Google, односно сина, црвена, жолта, сина, зелена и црвена, по што ќе се прикажат уште зборови, „Just What You’ve Been Waiting For“.

Над силуетата од телефонот се појавува датата 3-ти август, кога може да се очекува претставувањето на новите телефони од компанијата.

ИЗВОРCnet
Претходна статијаNetflix ќе го снима досега својот најскап филм во главна улога со Рајан Гослинг и Крис Еванс
Следна статијаФИТР: Запирање на финансирањето на компании што се најдоа на листата на УЈП за неисплатени минимални плати од државна помош
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.