Како што беше најавено, Google претстави нови Pixel телефони во текот на вчерашниот ден за време на нивната Google I/O конференција. Телефоните, како што веќе беше познато, ги носат имињата Pixel 3a и Pixel 3a XL.

Овие уреди, за разлика од нивните претходници, се од средната, односно средно високата класа. Може слободно да се наречат „лајт“ варијанти на посилните модели, а ова е секако одговор на конкуренцијата која повторно почна да претставува вакви верзии од своите модели.

Од GSM Arena многу добро ги споредуваат овие модели со Nexus уредите од Google, пред да почне да ги прави Pixel уредите. Nexus беа карактеристични по тоа што имаа пониска цена, чисто Android искуство, па беа доста привлечни за корисниците.

Новите и „полесни“ Pixel 3a уреди доаѓаат со нешто послаби карактеристики од нивните посилни верзии. Тоа се гледа во изработката пред се, која сега е од пластика, наместо од стакло и алуминиум.

Исто така, се забележува стандардна рамка околу екранот, па не се вклучени сега популарните исечоци, без разлика во која форма.

GSM Arena

Враќање добива портата за слушалки, нешто што за одредени корисници е доста важно, иако уште некое време, па безжичните слушалки ќе станат стандард.

Pixel 3a доаѓа со 5,6 инчен OLED екран со резолуција од 2220 на 1080 пиксели, Dragon Trail наместо Gorilla Glass заштита, Snapdragon 670 чипсет, со 4 GB RAM меморија и 64 GB простор за податоци без можност за додавање на картичка.

Камерата на задната страна е со сензор од Sony и има 12,2 мегапиксели, а ова е една од главните карактеристики. Ова е истата камера како кај поскапите модели, па корисниците, иако ќе имаат послаби карактеристики во одредени области, ќе ја имаат истата одлична камера по која и се познати овие уреди од Google.

Камерата доаѓа со сите можности кои се достапни на поскапите модели, а од Google посебно ја истакнуваат можноста за одлични слики во темни, односно ноќни услови.

На предната страна е поставена камера со 8 мегапиксели, а и оваа е истата како кај поскапите модели.

Батеријата на Pixel 3a е со капацитет од 3000 mAh и може брзо да се полни преку USB Type-C портата.

Поголемиот Pixel 3a XL доаѓа со истите карактеристики како и помалиот модел, а се разликува само во големината на екранот, како и на батеријата која е со капацитет од 3700 mAh.

Екранот е со големина од 6 инчи, исто така е OLED и има резолуција од 2160 на 1080 пиксели.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2GSM Arena
Претходна статијаNetflix воведе аудио со висок квалитет на целата нивна содржина
Следна статијаGoogle Assistant добива унапредување на работата и нов режим за возење
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.