Shutterstock.com

Netflix почна со подготовки за снимање на својот досега најскап филм, односно филм со буџет од над 200 милиони долари. Поради пандемијата со новиот коронавирус, не е точно јасно кога би почнало снимањето, па филмот треба да се очекува најрано до крајот на идната година, но не и порано.

Приказната на филмот со име „The Gray Man“ е базирана на книга од 2009 на авторот Марк Грини, а главниот лик е поранешен CIA оперативец кој е бркан од страна на поранешен соработник. Овој филм се планира да стане наводно позната франшиза, што значи се очекуваат повеќе делови.

Според порталот Deadline, филмот може да се спореди во својот стил со Џејмс Бонд филмовите, па гледачите треба да очекуваат акционен филм во таа категорија.

Главните улоги на филмот ќе ги играат Рајан Гослинг и Крис Еванс, а исто така режијата ќе биде од познатите браќа Русо, меѓу другите, кои се познати по Avengers: End Game и други филмови.

Ова покажува дека Netflix продолжува со сопствената продукција на филмови од кои досега доста од нив се покажаа како посебно успешни. Може само да го дадеме примерот на одличниот „The Irishman“.

Мотивацијата на Netflix да уште повеќе даде пари во правењето филмови доаѓа и од овој период кога кино салите или не работат или се слабо посетени, па онлјан стриминг сервисите остануваат како главното место каде може да се пуштаат нови филмови.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Deadline
Претходна статијаGoogle Chrome добива подобрувања во системот за автоматско пополнување на лозинки и платежни картички
Следна статијаGoogle ќе претстави нови Pixel телефони на 3-ти август
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.