bg5

Google денеска го претстави Project Tango, 5 инчен мобилен телефон кој што работи на Android оперативниот систем. Меѓутоа ова не е уште еден мобилен телефон наменет за крајните корисници или наследник на Nexus серијата. Project Tango е телефон кој што содржи посебен хардвер и софтвер наменет да го следи целосното 3D движење на уредот, додека во исто време креира мапа од околината. Сензорите вградени во телефонот му овозможуваат да направи повеќе од 250.000 3D мерења во секунда, ажурирајќи ја позицијата и ориентацијата во вистинско време. Потоа податоците се комбинирани во еден краен 3D модел од просторот околу корисникот.

bg4

Поточно се работи за уред кој што треба да креира пореална 3D слика од околината која што се мапира од досега достапните и користени уреди и софтверски решенија. Ова е корисно за развојот на навигација во затворени простории, нов тип на игри, како и нови апликации кои што од Google се надеваат дека ќе произлезат од оваа технологија.

Од Google прашуваат, што ако би можеле да ги измерите димензиите од вашиот дом, едноставно движејќи се наоколу со телефонот пред да одите да купувате мебел? Што ако насоките не престануваат на адресата од улицата до која што одите? Што ако никогаш повеќе не се изгубите во нова зграда? Ова се само неколку од можните примени на технологијата, односно апликациите што би произлегле со нејзината примена.

projecttango

Project Tango е развиван од страна на сектор од Google за Напредна технологија и проекти (Advanced Technology and Projects – ATAP). Главен на секторот e поранешен вработен во тимот на Kinect во Microsoft, Johnny Lee. Проектот е сеуште во развојна тест фаза, па само 200 избрани програмери ќе добијат примерок, а услов за тоа ќе биде претставување на идеа како би го користеле телефонот и што би сакале да постигнат.

Извор: Google ATAP

Претходна статијаНови уреди кои ќе овозможат 3D слики во вистинско време од внатрешноста на крвните садови
Следна статијаUbuntu 14.04 ќе воведе менија на самиот прозорец од апликацијата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.