galaxy-s7-edge-concept-12

Веќе добиваме јасна слика за тоа какви компоненти ќе има новиот знаменосец на Samsung во внатрешноста, но и натаму немаме дефинитивен одговор за надворешниот дизајн, односно дали само промените ќе се однесуваат на употребата на нови материјали, како на пример магнезиум наместо алуминиум или пак новите модели ќе имаат променет изглед.

Според нов концепт на Мартин Хајек, Galaxy S7 Edge е замислен со многу позаоблен дисплеј на краевите од оној на денешниот Edge модел, кој има дисплеј кој се протега и кон долгиот крај на телефонот.

galaxy-s7-edge-concept-4

Не само тоа – на самиот дисплеј е вклучено хардверското копче, што би било навистина импресивно, но веројатно многу непрактично за гледање видеа – копчето сигурно ќе пречи.

Секако, ова е само концепт од главата на еден дизајнер – не мора да значи дека и Samsung размислува исто како него, но би можело некои елементи да се применат, односно да видиме заоблен OLED дисплеј и во долниот или горниот дел.

galaxy-s7-edge-concept-3

Покрај концептот, излегоа и информации за тоа каков чип ќе има Galaxy S7, а благодарение на мерење со популарниот AnTuTu бенчмарк софтвер, каде јасно се гледа дека S7-ката ќе има Exynos 8890 процесор со 4 GB рам меморија.

Процесорот на Samsung би требало да биде на врвот во високата класа, но поради тоа што Корејците немаат можност да го произведат во доволен број, ќе има и верзии со Snapdragon 820 на еден од главните конкуренти кај микро чиповите, Qualcomm.

galaxy-s7-edge-concept-6

Од останатите спецификации, вреди да се издвои просторот за складирање податоци, кој сега изнесува 64 GB со можност за проширување преку micro SD картичка, што може да е многу корисно во Android Marshmallow, кој автоматски ќе го менаџира просторот.

Интересни се и промените кај камерите – задната сега има 12 мегапиксели, додека предната 5 мегапиксели. Дисплејот ќе има големина од 5,1 инчи и Quad HD резолуција, исто како актуелниот модел.

galaxy-s7-edge-concept-2

Извор: Techno Buffalo (1) (2), Android Central, BGR

Претходна статијаКоосновачот на Mozilla претстави нов прелистувач кој ќе блокира реклами
Следна статијаСо Qarnot Q.rad греалката со микро процесори, можете да го загреете Вашиот дом бесплатно