galaxy-s7-concept-10

Веќе неколку пати пишувавме за новиот знаменосец на Samsung, кој најверојатно ќе пристигне во четири различни верзии – две помали, со и без Edge дисплеј и две поголеми, со истиот избор на дисплеи. Сега имаме информација и за тоа кога ќе излезе телефонот – најверојатно во февруари наредната година.

Протечената информација може да се види на еден од слајдовите за презентација на плановите за 2016 година на China Mobile, каде убаво се гледа дека во полето „Март“, пишува S7. Ова не мора да значи дека телефонот ќе биде претставен токму тој месец, туку може да е месецот кога телефонот ќе биде достапен за продажба во China Mobile, односно кај сите поголеми оператори – секогаш кога некој нов телефон е претставен, не е веднаш достапен кај операторите.

Ова само ги подгрева најавите дека Samsung ќе го претстави Galaxy S7 на посебна промоција ноќта пред почетокот на Mobile World Congress во Барселона, кој е најголемиот саем за паметни телефони во светот, а кој ќе се одржи од 22-25 февруари. Секако, постои и можност S7 да биде претставен токму во март, но мислам дека Samsung би сакал да го искористи MWC за промоцијата.

galaxy-s7-china-mobile

Сепак, лансирањето на Galaxy S7 во февруари е многу логично – тоа е отприлика периодот кога Samsung го лансира секој нов знаменосец. Новиот модел инаку ќе се нуди во неколку различни изведби – стандарден Galaxy S7 со 5,1 инчен дисплеј, Galaxy S7 Edge со заоблен дисплеј на краевите со големина од 5,1 инчи и две “Plus” – S7 Plus со дисплеј од 5,7 инчи и S7 Edge Plus со 5,7 инчен заоблен дисплеј на краевите.

Ќе има разлики и во понудените чипови – некои од уредите ќе имаат вграден Exynos процесор на Samsung од најновата генерација, веројатно 8890, додека останатите ќе доаѓаат со новиот Snapdragon 820 чип. Сите модели ќе имаат 4 GB рам меморија, додека камерата веројатно ќе има помалку мегапиксели – веројатно 12, но би требало да вади поквалитетни фотографии – да потсетиме, пикселите се веројатно најмалку важни во една камера.

Покрај овие новитети, се очекува да се врати micro SD картичката, која е многу поевтино решение за зголемување на просторот за складирање податоци, како и да биде вграден 3D Touch систем кој ќе препознава со колкав притисок допирате на екранот, ист каков што има новиот iPhone 6S.

Има и најави дека Samsung ќе вгради и специјален Hi-Fi чип, кој би требало драматично да го подобри звукот кој излегува преку слушалките. Исто така, новиот S7 ќе биде изработен од магнезиум, наместо алуминиум, кој е делумно поцврст и уште полесен метал.

Во наредниов период секако ќе протекуваат уште многу информации за новиот знаменосец на Samsung, кои, како и секогаш, целосно ќе ви ги пренесеме.

Извор: TechnoBuffalo, TechRadar, NDTV

Претходна статијаПетер Сунде создаде машина за постојано кршење на авторско право со mp3-ки
Следна статијаДрон за малку не падна врз скијач за време на слалом на Светскиот куп во Италија