Според неофицијални информации, Samsung наводно планира промена на практиката на користење на Snapdragon и Exynos чипови зависно од земјата и моделот на телефонот. 

Во случајот со годинешните S24-ки, во Европа и во нашата земја двата основни модели доаѓаат со Exynos чип, додека S24 Ultra доаѓа со Snapdragon. 

Наредната година со претставувањето на Galaxy S25 серијата изворите тврдат дека од компанијата се имаат одлучено да нудат верзии само со Snapdragon, без разлика на регионот и моделот. 

Тоа би значело дека сите три модели ќе дојдат со Snapdragon 8 Gen 4, вклучувајќи ја и Македонија. 

Дополнително се остава можноста да Galaxy S25 Ultra има нешто посилна верзија од Snapdragon 8 Gen 4, додека двата основни модели ќе ја користат стандардната верзија која Qualcomm ја пушта за сите. 

Samsung веќе две години во соработка со Qualcomm користи посебна верзија од Snapdragon чипот посебно прилагодена за Galaxy уредите. 

Доколку оваа информација не се покаже како точна, двата основни модели кај нас би дошле со новиот Exynos 2500 кој сепак очекувам да се покаже доста подобро од претходните генерации. 

Обично, моделите со Exynos имаат нешто послаби перформанси кои знаат да бидат очигледни при одредени активности, па корисниците обично го бараат Snapdragon во нивниот уред. 

ИЗВОРAndroid Authority
Претходна статијаSamsung наводно се интересира за купување на бизнисот со мрежна опрема за мобилните на Nokia
Следна статијаGalaxy Watch покажува силна корелација со клиничките и спортските научни уреди во студиите на Универзитетот во Мичиген
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.