Фото: Shutterstock.com

Според информации кои ги пушти Bloomberg, Samsung покажува интерес за купување на бизнисот со мрежна опрема за мобилните на Nokia. Кратко кажано, по продажбата на бизнисот со мобилни, Nokia сега е можно да продаде уште еден од најголемите бизниси кои го прават овој бренд тоа што е. 

Засега нема повеќе информации покрај тоа дека Nokia не успева доволно да им конкурира на Huawei и Ericsson, па затоа и се размислува за продажба на овој дел од компанијата. 

Samsung не се „неискусни“ на овој план, тие веќе имаат дел во компанијата кој работи со мрежна инфраструктура кој држи околу 6% од пазарот, па со купувањето на Nokia тие би добиле пазарен удел од околу 25%. 

Во ваков случај Samsung ќе стане еден од најголемите играчи на овој пазар и директно ќе почне да им конкурира на Huawei и Ericsson. 

Nokia како компанија постои уште од 1865 година, а на нас ни беа најпознати по нивните мобилни телефони пред претставувањето на iPhone и промената на пазарот целосно. Подоцна овој бизнис Nokia го продаде на Microsoft кои кратко кажано успеаја целосно да го уништат.

ИЗВОРGSMArena
ИЗВОР 2SamMobile
Претходна статијаНовиот Mac mini кој треба да биде претставен веќе нема да има USB-A приклучок
Следна статијаНесигурен извор тврди дека сите Galaxy S25 телефони ќе работат на Snapdragon 8 Gen 4
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.