Фото: Apple

Марк Гурман веќе најави дека наредниот Mac mini, кој ќе дојде со М4 чипот, ќе добие одамна потребен редизајн. Овој редизајн нема да го промени нешто посебно целосниот изглед на уредот, туку ќе го направи доста помал, односно се најавува големина слична со таа на Apple TV уредот. 

Тоа значи дека Mac mini ќе стане навистина „мини“ компјутер, а тој веќе е доста мал и може едноставно да се постави на било каква позиција на масата. 

Во најновиот неделен билтен, Гурман објавува уште неколку информации поврзани со овој компјутер. 

Залихи од Mac mini ќе почнат да се доставуваат на почетокот од овој месец, а тие за Mac mini Pro се планирани за почетокот на идниот. Тоа значи дека претставувањето може да се очекува идниот месец, а заедно со двата Mac mini се очекуваат и нови iMac и MacBook Pro. 

Гурман додава дека Mac mini ќе дојде со вградено напојување, што значи корисниците ќе имаат само обичен кабел за нивниот нов компјутер, што е одлично.

На крај, Гурман најавува дека Mac mini Pro ќе дојде со пет USB-C приклучоци, три на задната и два на предната страна како што е случајот кај Mac Studio. 

Тоа што ќе биде поголема промена е тргањето на USB-A приклучокот, па оваа промена можно е да предизвика повеќе реакции од страна на корисниците. Повеќето „докови“ и слични приклучоци се’ уште функционираат преку овој приклучок, па можно е доста корисници да треба да купуваат нови додатоци. 

Пред претставувањето на новите Mac компјутери, сега го имаме претставувањето на iPhone 16 серијата кое ќе биде на 9 септември, односно идниот понеделник. 

ИЗВОРBloomberg
Претходна статијаРСБСП за безбедност на децата во сообраќајот во учебната 2024/2025 година
Следна статијаSamsung наводно се интересира за купување на бизнисот со мрежна опрема за мобилните на Nokia
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.