Фото: Shutterstock.com

За време на презентација на финансиските резултати за втората четвртина од 2024, Samsung го споменува, а со тоа и го потврди претставувањето на наредната генерација од нивниот Exynos чип, Exynos 2500. 

Изминатите години корисниците не се баш среќни кога ќе го прочитаат името Exynos, а тоа посебно важи за корисниците од Европа. Причината за тоа е вградувањето на овој чип, наместо тој од Qualcomm за корисниците во Европа, со што тие реално добиваа нешто полоши перформанси кај нивните скапи телефони. 

Информациите кои излегуваат, а се поврзани со новиот Exynos 2500 одат во правец на тоа дека овој чип конечно ќе може да донесе вистинска и сериозна конкуренција на Qualcomm. Тој наводно веќе нема да биде послаб, овој пат во споредба со Snapdragon 8 Gen 4, па ќе почекаме до тестовите идната година додека да можеме да ја потврдиме оваа информација. 

Инаку, за Exynos 2500 се очекува дека ќе дојде со 10 јадрен процесор составен од едно Cortex-X5 јадро кое ќе работи до 3,2GHz, потоа три Cortex-A730 јадра на 2,3GHz, две Cortex-A730 јадра со нешто помала фреквенција, како и четири Cortex-A520 јадра. 

Овој чип е вториот од Samsung, а прв од компанијата за смартфоните направен на 3nm технологија, поточно во втората генерација од GAA процесот. 

Се очекува дека Samsung ќе направи исто како и оваа година, односно Exynos 2500 ќе го има во Galaxy S25 и S25+ за корисниците во Европа, а Galaxy S25 Ultra можно е повторно да дојде само со еден чип во целито свет, Snapdragon 8 Gen 4.

Дека од компанијата планираат да го користат овој чип е потврдено и при неговото споменување, а се истакнува дека ќе се користи кај најдобрите телефони. 

Дополнително, Exynos 2500 ќе дојде со графичкиот процесор од Samsung, Xclipse 950 кој е направен на основа на RDNA3 архитектурата од AMD. 

ИЗВОРSamMobile
Претходна статијаПродолжува трендот на силен раст на Македонски Телеком и во првoто полугодие на 2024 година
Следна статијаNothing го претстави Phone (2a) Plus неколку месеци по претставувањето на основниот модел
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.