Уште од излегувањето на првите информации дека оваа година Galaxy S23 серијата ќе работи на Snapdragon 8 Gen 2 во целиот свет, можеше да се прочита дека тоа нема да биде единствената новина. Наводно, Samsung и Qualcomm имаат договорено соработка која ќе резултира со посебна и посилна варијанта од чипот ексклузивно за телефоните од Samsung.

Сега, неофицијално објавена слика прикажува дека гласините се изгледа точни, а чипот ќе има и посебен додаток на брендот, „For Galaxy“. Овој чип наводно ќе има повисока фреквенција на процесорот и графичкиот процесор, нешто што ќе донесе подобри перформанси во одредени ситуации, како и кај одредени игри.

Ваквите карактеристики на посебната Snapdragon 8 Gen 2 верзија ќе придонесат и до поголемо загревање на чипот, нешто за кое сигурно од Samsung ќе имаат посебно решение.

Сепак, според нас, поголема е веста дека Snapdragon 8 Gen 2 ќе се користи кај сите варијанти од Galaxy S23, односно во сите региони од светот. Досега Европа ја имаше варијантата со Exynos чипот, нешто што веќе неколку години е критикувано од понапредните корисници кои забележуваа послаби перформанси, поголемо загревање и поголема потрошувачка кај батеријата.

Сега сите корисници ќе го имаат најдоброто на пазарот, па веќе не би требало да има критики.

Galaxy S23 серијата ќе биде претставена за само два дена, па ќе ги имаме одговорите на сите прашања.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статијаОбјавени новините кои доаѓаат со One UI 5.1
Следна статијаНад 60% од корисниците на паметни часовници бираат класичен наместо спортски дизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.