Остануваат уште само два дена до претставувањето на Galaxy S23 серијата, претставување кое треба да привлече поголемо внимание од обично. Како и секоја година, новата Galaxy S серија доаѓа со понова верзија од оперативниот систем One UI, а сега ги имаме и новините кои се дел од One UI 5.1.

Како што би се очекувало, промените не се нешто големи, односно во главно донесуваат одредени исправки или подобрувања на достапните функции. Со надградба, оваа верзија ќе им стане достапна и на останатите корисници кои нивните уреди ја имаат One UI 5.0 верзија. One UI 5.0 и 5.1 се направени на основа на Android 13.

One UI 5.1 донесува можност за промена на ефектите при сликање на селфи слики, како и побрз пристап до Expert RAW функцијата на камерата. Галеријата добива можност за споделување со членовите од семејството, како и уште неколку мали подобрувања на апликацијата поврзани со измена на сликите, нивно пребарување и слично.

Корисниците исто така добиваат и нов виџет за батеријата преку кој ќе можат да се види состојбата на батеријата на телефонот, но и на други поврзани Galaxy уреди, како што се слушалки или паметен часовник. Подобрување добива и виџетот за временска прогноза.

Новини добива и новата функцијата за различни режими и сценарија при користење, со што корисниците сега добиваат можност за избор на различна позадина зависно од режимот, а сценаријата добиваат нови предуслови и акции.

Достапни се и мали подобрувања кај Notes апликацијата и можноста за работа од страна на повеќе корисници, тука се подобрувањата кај DeX функцијата, предлозите во Settings и слични мали промени.

Како што може да се види, One UI 5.1 не донесува некои посебни и ексклузивни новини, барем тие не може да се видат во оваа листа, а ќе видиме што ќе најави Samsung на настанот задутре.

ИЗВОРGSMArena
Претходна статијаДелот за „виџети“ во Windows 11 сега може да биде прикажан на целиот екран
Следна статија„For Galaxy“ ќе биде ознаката која ќе ја има Snapdragon 8 Gen 2 кај Galaxy S23 серијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.