На само неколку месеци пред официјалното најавување на новата генерација од серијата S на Samsung, секојдневно се среќаваме со многу слики и шпекулации како тие би изгледале.

Според последните слики објавени на @OnLeaks и CashKaro, на кои е прикажан Samsung Galaxy S11+, можеме да забележиме дека нема многу промени во основниот дизајн на уредот споредено со неговите претходници. 

Според гласините телефонот ќе има 6.9 инчен Dynamic AMOLED дисплеј со вграден читач за оттисок. Димензиите на уредот се претпоставува дека ќе бидат 166.9 x 76 x 8.8 mm. 

Како што можеме да видиме, трендот на зголемување на бројот на камери кај смартфоните е сѐ уште во подем. На сликите може да забележиме дури пет камери. Покрај досегашните три сензори на камерата, новиот модел вклучува уште два сензори од кои едниот е за откривање на длабочината на сликата, а за вториот уште нема информации. Резолуцијата на главната камера би изнесувала вртоглави 108 мегапиксели и би имала 5X оптички зум. 

Сепак сите овие информации се неофицијални. Се очекува дека телефонот ќе излезе во првата четвртина на 2020. 

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаHonor најави два нови модели V30 и V30 Pro
Следна статијаВо руска фарма се тестира ефектот на поставување на ВР уреди на кравите