Honor го најави продолжението на View серијата со два нови модели V30 и V30 Pro (овие модели за надвор од Кина го носат името View). Новите модели нудат импресивни перформанси со оглед на тоа што припаѓаат на високо-средната класа на паметни телефони.

Надворешно телефоните се исти со димензии 162.7 x 75.8 x 8.9 mm и тежат 213 грама. Дисплејот зафаќа 84.9% од вкупната површина на предниот дел со големина од 6.57 инчи.

На предниот дел од телефоните се наоѓа вградена камера со два сензори, едниот е со резолуција од 32MP и има широк агол, додека пак вториот е со ултра широк агол и 8MP резолуција.

Главната камера се состои од три сензори, 40MP примарниот сензор, 8MP телефото, 12MP ултра широк сензор кај Pro верзијата и 8MP ултра широк сензор кај основниот модел.

V30 Pro ќе има 8 гигабајти рам меморија и избор помеѓу 128 или 256 гигабајти вградена меморија. Додека пак моделот V30 ќе биде достапен само со 128 гигабајти вградена меморија и ќе може да се бира помеѓу 6 или 8 гигабајти рам меморија.

Главната разлика помеѓу двата модели е во процесорите. Основниот V30 модел го користи Kirin 990 процесорот со осум јадра од кои две јадра со висока фрекфенција 2.86Ghz, две со средна 2.09GHz и четири со ниска 1.86GHz. Додека пак кај V30 Pro се користи Kirin 990 5G, процесор кој се користи во повисоките класи на паметни телефони со целосно интегриран 5G модем. Тој исто така има осум јадра од кои две јадра со висока фрекфенција 2.86Ghz, две со средна 2.36GHz и четири со ниска 1.95GHz.

Двата модели ја имаат прилично голема батерија од 4100mAh, брзо полнење на батеријата од 70% за половина час и можност за користење на телефоните како надворешна батерија за полнење на други уреди кои подржуваат бежично полнење.

Несомнено е дека и двата телефони ја користат најновата технологија на Huawei и дека се наоѓаат меѓу врвот во нивните класи.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.