Тргувањето со биткоини, како и нивно користење за трансакции продолжува да расте, но тоа корисниците вистински можат да го прават само од своите компјутери. Наскоро ќе има и смартфон кој ќе има “blockchain” можност, односно ќе може да се користи за правење трансакции без блокирање од центрите за копање биткоини, поточно тоа ќе може да се прави директно преку SRN токен, кој ќе биде и единствената валута.
Телефонот ќе биде производство на Sirin Labs, компанијата која на пазарот ни го донесе еден од најскапите смартфони во светот Solarin, кој чини 12.300 евра, но нуди и најдобра заштита на корисникот од сите други смартфони на пазарот. За разлика од него, Finney ќе биде насочен кон корисниците кои користат крипто валути, што значи дека повторно ќе биде специјализиран телефон. Сепак, цената тука ќе биде многу пониска и ќе изнесува околу 1.000 долари.
Да, ова се повторно многу пари за смартфон, но веројатно не и за таргет групата. Згора на тоа, во своја одбрана Finney има и солидни спецификации, како задна камера со 16 мегапиксели и капацитет за податоци од 256 GB. Исто така, телефонот е опремен со специјален Sirin оперативен систем, развиен само за овој уред, како и специјална заштита, благодарение на која според Sirin Labs овој смартфон ќе биде невозможно да се хакне.
Извор: Engadget, Digital Trends, Business Insider