Главниот и еден од најпопуларните модели од Galaxy серијата, S5, беше најавен пред скоро 1 година, поточно на крајот од Февруари 2014. Тоа значи дека полека се ближи времето кога може да го очекуваме претставувањето на неговиот наследник, односно Galaxy S6, доколку се разбира биде задржано именувањето на овие модели.
Официјални информации околу наредниот Galaxy S модел уште нема, а и не може да се очекуваат со оглед на нивното чување до денот на претставувањето. Затоа и неофицијални, наводно протечени информации станаа единствен и интересен нивни извор до претставувањето на уредот.
Можните карактеристики на Galaxy S6 беа забележани во резултатите од тестови на познатата апликацијата за бенчмарк на телефоните, AnTuTu. Тие биле забележани и зачувани како слика од страна на францускиот портал NowehereElse.
Иако ознаките на тестот никаде не го спомнуваат S6 моделот, поради карактеристиките кои што вклучуваат одреден хардвер кој што уште не е претставен од страна на Samsung, се верува дека ќе бидат дел од нивни нареден телефон. Со оглед на периодот, се очекува дека наредниот телефон со такви карактеристики кој што ќе биде претставен, ќе биде токму Galaxy S6.
Резултатите на AnTuTu Benchmark се однесуваат на уред со ознака на моделот SM-G925F, а неговите карактеристики се следните:
- 5,5 инчен екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели
- Exynos Octa-core 7420 64-bit процесор кој што работи на 1.8GHz
- Mali-T760 графички процесор
- 3GB RAM
- 20MP задна камера и 5MP предна камера
- 32GB вградена меморија за складирање
- Android 5.0 Lollipop
Во основа ова се карактеристиките кои што би ги очекувале од наредниот телефон од Samsung во високата класа, без разлика дали се работи за S6 или можеби некој друг модел.