Screenshot.219203.1000000

MKV е видео формат кој што им е познат на корисниците кои што често симнуваат филмови и серии од интернет, нешто што во земјите како нашата е до некаде единствениот избор за нивно гледање.

Се работи за формат кој што е направен со отворен код и поддржува неограничен број на видео, аудио, фото траки, како и траки со преводи. Најчесто се користи како универзален формат за филмови и ТВ серии, а популарноста е на високо ниво.

За корисниците да можат да ја гледаат содржината преку овој формат, тие најчесто мораат да инсталираат или некоја програма која што има поддршка за повеќе формати, како што е случајот со популарниот VLC Player или да инсталираат кодеци посебно за било кој плеер да може да ги пушти фајловите.

Поддршката на ниво на оперативен систем за mkv форматот беше најавена за Windows 10, а исто така беше додадена во верзијата која што моментално е достапна за тестирање од страна на корисниците.

Ова е одличен додаток за корисниците кои што често го користат овој формат, па иако имаат повеќе други начини, вградената поддршка во оперативниот систем претставува предност.

За оваа поддршка корисниците нема да треба да чекаат до излегувањето на Windows 10 идната година, поради тоа што Microsoft ја додаде во Windows 8.1, поточно во Video модерната апликација. Сега корисниците ќе можат да го пуштаат овој формат без потреба од дополнителни инсталации на кодеци и програми.

Сепак, се работи за формат кој што вклучува повеќе медиа елементи, па не значи дека секој симнат фајл ќе може да биде пуштен со Video апликацијата.

Извор: The Verge, Video апликација

Претходна статијаПознатиот футурист Реј Курцвејл верува дека до 2045 г. ќе можеме дигитално да ги пренесеме нашите умови
Следна статијаДали се ова карактеристиките на Samsung Galaxy S6 ?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.