Microsoft-Logo

За земјите од овој дел од светот, користењето на платена верзија од Windows е нешто навистина ретко кога се работи за обичните корисници. Големи се шансите да ако сте еден од ретките корисниците на легална копија од овој оперативен систем, да сте биле исмејувани од друштвото или барем да сте биле прашани „Зошто?“.

Се разбира источните земји не се единствените кои што користат пиратски верзии од софтверските решенија кои што се достапни, а се работи само за процентот на застапеност. Тоа значи дека компаниите кои што не развиваат софтвер со отворен код, проблемот на нелегално користење на нивните производи е нешто со кое што повеќето се соочуваат.

Интересно, но новиот директор на Microsoft, Satya Nadella, смета дека тоа не претставува голем проблем за нив, барем кога се работи за обичните корисници. Според него пиратските верзии од Windows се еден вид на бесплатна верзија од оперативниот систем, а исто така подобро е така да го користат отколку воопшто. Овој начин на користење на нивниот оперативен систем го гледаат и како еден начин на навикнување на корисниците да го користат, па дел од нив во иднина стануваат и корисници кои што плаќаат.

Меѓутоа, како и што би очекувале, оваа изјава има своја граница, па доколку тие забележат користење на поголема бројка на пиратски верзии од нивните производи, за истото сепак би реагирале. Откривањето на пиратските верзии се врши од страна на посебен сектор во компанијата наменет за откривање на сомнителни шеми на користење на лиценците и слично.

Дека од компанијата сепак би реагирале во одредени ситуации покажува жалбата која што тие ја имаат поднесено до суд во која што тврдат дека одредена IP адреса која што е од корисник на AT&T операторот во САД, има активирано поголем број на Windows и Office лиценци. Лиценците се верува дека се добиени на нелегален начин и дека корисникот немал право да ги активира.

Ова се разбира не значи дека Microsoft ќе почне да ги лови корисниците на пиратска верзија од Windows, а посебно не во земјите во развој. Сепак тие се и во ситуација во која што сепак мора да дозволат и вакво користење на нивниот систем, наместо преминување на бесплатните верзии на Linux и слично.

Извор: BGR

Претходна статијаДали се ова карактеристиките на Samsung Galaxy S6 ?
Следна статијаThe Pirate Bay исклучен после акција од страна на шведската полиција
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.