vaio_phone_biz_silver_continuum_win-0-620x413

Иако за многумина Windows 10 Mobile е веќе мртов систем, за некои аналитичари тој е порта кон иднината, благодарение на Continuum функцијата. Ова им овозможува на (помоќните) уреди да се поврзат со поголем дисплеј и да се користат како квази десктоп компјутери со Windows 10.

Реков квази десктоп компјутери, бидејќи на овие телефони сѐ уште не можат да се инсталираат стандардни Windows програми, но како и да е, со развојот на професионални универзални Windows 10 апликации оваа пречка би можела лесно да се надмине. Всушност, според аналитичарите ова ќе биде функционалност која ќе има големо влијание на пазарот уште наредната година.

Патрик Мурхед, претседател на “Moor Insights and Strategy” на пример очекува наредната година да излезат Android телефни или таблети кои ќе можат да се користат и како компјутер со поврзување на поголем дисплеј, а според Џек Наркота од “Technology Business Research”, HP Elite X3 телефонот е вистински Windows уред, кој е одличен индикатор за тоа каде ќе се движи еко системот на Microsoft на пазарот на преносливи уреди.

Сето ова е многу логично и како човек кој исто така подолго време ја следи технологијата, очекувам нашите паметни телефони да можат многу повеќе, многу скоро. Да, нив ги користиме за фотографирање, сурфање на интернет, апликации и говорење, но скоро никој не ги користи професионално – за тоа имаме или лаптоп или десктоп компјутер. Доколку тие можат да ги заменат компјутерите, не гледам причина зошто купувачите не би ги прифатиле на пазарот, било дали се со Windows Mobile или пак со Android/Chrome OS комбинација.

Извор: MS Power User, Search Mobile Computing

Претходна статијаДвата Galaxy S8 смартфони ќе имаат “Edge” дисплеј
Следна статијаLenovo дел од своите смартфони ќе ги преименува во Moto

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.