Blackphone првпат беше претставен на минатогодишниот MWC настан. Направен специјално со намена да ги заштити своите корисници што е можно повеќе од реалноста на денешното време, а тоа е можноста за следење на комуникациите од разни страни, вклучувајќи ги и владите.
Оваа година, повторно на MWC, Blackphone ја претстави наредната генерација од овој телефон кој што доаѓа со подобрувања во сите негови делови. Наречен Blackphone 2, овој пат е направен само од страна на Silent Circle, компанија која што стои зад развојот на софтверот за приватна и енкриптирана комуникација. Првиот модел беше направен во соработка со шпанскиот производител на телефони Geeksphone, чиј што дел беше откупен од страна на Silent Circle после добивањето на инвестиции за развој во вредност од повеќе десетици милиони евра.
Blackphone 2 доаѓа со 5,5 инчен 1080p екран, појак осум јадрен процесор, како и 3GB RAM меморија. Внатрешната меморија за складирање изнесува 32GB. Blackphone 2 исто така доаѓа и со поголема батерија, а сите овие компоненти го прават погоден за користење без разлика на главните карактеристики поврзани со приватноста.
На настанот исто така беше претставена и нова верзија од PrivatOS оперативниот систем кој што е направен на основа на Android. Новата верзија покрај другите промени, овозможува креирање на посебни кориснички профили кои што ќе бидат заштитени еден од друг.
Оваа недела се најавуваше претставување и на таблет компјутер, но истиот беше само најавен. Blackphone+, како што ќе биде нарачен и се’ уште во развојна фаза, а може да се очекува да биде претставен во втората половина на оваа година, истиот период кога треба да почне да се продава и Blackphone 2.
Инаку, за разлика од првиот модел кој што беше наменет за широката маса, односно делот од неа кои што се заинтересирани за ваков производ, двојката ќе биде специјално наменет пред се за деловните корисници.