2

Металите се една цела плејада на структури кои ние ги користиме за најразлични намени. Користиме железо во изградбата на разни големи структури (преку легурата на челик). Користиме жива во термометрите, користиме бакар во изработка на добри проводници, а платина, злато и сребро како финансиски инструменти и во разни импланти. Индустријата на производство и обработка на метали се простира илјадници години, па дури имаме наречено еден цел период како „железно доба“ кога човекот го пронашол железото и почнал од него да произведува разни алатки место од камен.

Технологијата на металопроизводство во последно се подобрува во мали чекори. Тоа обично се однесува на ефикасноста на производство, нивната цврстина, свитливост и кршливост и така натаму. Проблемот со металите е што обично не се проѕирни, па производителите тешко можат во голем детал да ги анализираат процесите кои настануваат при нивното печење, топење и смрзнување, а во тоа дополнително одмага и Земјината гравитација.

Затоа NASA однесе неколку легури во вселената на Меѓународната вселенска станица, за да ја анализира нивната реакција во случај на смрзнување. Тоа што го увиделе е дека легурите при смрзнувањето во главно реагираат на два начина: или создаваат структура од т.н. „снегулки“, или пак во вид на „клетки“. Според нив, ова може да помогне во производството на поцврсти легури на Земјата бидејќи овозможува да се види како точно се однесува структурата на легурата при вакви процеси и какво влијание има таа понатаму врз цврстината и останатите карактеристики.

1

На пример, ако структурата е направена од поситни градбени делчиња (снегулки или клетки) тогаш таа по правило е поцврста од таа која е направена од покрупни. Достигнувањето на покрупни или поситни вакви делчиња е дел од обработката на легурата, но колкави се развиле тие при истата е многу тешко да се види на Земјата. На Меѓународната вселенска станица, бидејќи има скоро нулта гравитација, тие се гледаат многу подобро и јасно ја откриваат структурата. Ваквите пронајдоци ќе можат да помогнат во создавањето на поцврсти и помалку кршливи и ронливи легури од метал, како и да ги подобрат процесите на стврднување при обработката на металите.

Извор: Engadget, NASA

Претходна статијаHTC One M9 – и натаму убав и луксузен, но со многу малку новитети
Следна статијаBlackphone со втора генерација на телефон и најава за таблет компјутер