Asus-Zenfone-2

На CES2015 настанот кој што се одржува оваа недела, Asus го претстави ZenFone 2. Овој телефон можеби и немаше да привлече нешто посебно внимание да не беа неговите компоненти внатре.

За разлика од повеќето производители кои што во своите модели ги ставаат некои од Snapdragon процесорите направени од Qualcomm специјално за ваквите уреди, Asus се одлучи да го искористи Intel Atom процесорот, исто како и во претходниот модел. Телефонот може да се нарача во две различни варијанти со 1,8 или 2,3 GHz четири јадрени процесори.

Она што го прави уште поинтересен ZenFone 2 е RAM меморијата која што е вклучена во моделот со појакиот процесор од двата. Тој доаѓа со 4GB RAM меморија и е првиот мобилен телефон со волку меморија, доколку немам пропуштено нешто.

Остатокот од карактеристиките на овој телефон вклучуваат 5,5 инчен IPS+ екран со Full HD резолуција, задна камера со 13 мегапиксели и предна со 5.

Дизајнот може да се каже дека потсетува до некаде на LG G поновите модели, поради тенката рамка околу екранот која што е постигната со поставување на копчињата за звук и заклучување на уредот на задната страна под камерата.

Сепак, без разлика на добриот хардвер со кој што доаѓа овој телефон, заклучоците се дека софтверот кој што работи на Android 5.0 не нуди ништо посебно во областа на мултитаскингот за да може да се искористи достапната меморија, па ова може да се каже дека во главно е маркетинг потег. Дали корисниците ќе добијат навистина нешто за разлика од другите телефони од оваа класа е под знак прашалник.

Извор: ArsTechnica

Претходна статијаMercedes-Benz F015 – Концепт за самоуправувачки и поврзан автомобил на иднината
Следна статијаИнтелектуална сопственост…
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.