Со сигурност може да тврдиме дека производителите се’ повеќе посветуваат време и ресурси на индустрискиот дизајн, а таков пример е новиот Memo Pad 7 на Asus. Додека ги чекаме Apple и Google да претстават нови таблети со препознатлив дизајн и перформанси, условно речено доставувачите напорно работат за да ги задоволат потребите на пошироката јавност.
Растечката побарувачка за 7 инчен таблет се покажа како одлична прилика. За разлика од својот претходник, новиот Memo Pad 7 на изглед има остри рабови што сe’ поретко го гледаме кај таблети.
Направен од 50% дуралумин и 34% фибер изгледа како оние елегантни женски плико-ташни, со што од Asus најверојатно се надеваaт дека покрај перформансите ќе привлечат доста купувачи и со дизајнот. Материјалите меѓу другото го прават овој уред кој има предна 2 мегапикселна и задна 5 мегапискелна камера доста тенок (8.3mm) и лесен (само 269 грама).
Овој елегантен изглед, Memo Pad 7 го засилува со HD екран кој има резолуција од 1.900 на 1.200 пиксели и кој е само за нијанса послаб од Nexus 7 и iPad Mini.
Во внатрешноста овој уред кој ќе работи на Android 4.4 крие 64 битен четиријадрен процесор на Intel од серијата Atom кој ќе работи на 1.83 Ghz, помогнат од 2 гигабајти RAM. За само неколку недели на пазарот ќе бидат достапни модели со меморија од 16 и 32 гигабајти а доброто е што ќе има и место за картичка microSD а ќе чини околу 269 долари.