Фото: Shutterstock.com

Со гласините за проширување на iPhone линијата со модели кои се превиткуваат, како и претставувањето на iPhone 16e како најнов член на семејството, станува јасно дека еден настан годишно можно е да биде проблем за Apple. 

The Information, врз основа на три компании во ланецот на набавки за Apple, најавува дека од компанијата ќе започнат со два пати годишно претставување на нови iPhone модели. 

Тоа би значело дека покрај главниот настан во септември, ќе може да се очекува уште еден пролетен настан, а оваа промена наводно ќе започне да се применува од 2026 со iPhone 18 серијата. 

Според информациите, во септември 2026 година може да се очекуваат само Pro моделите, додека iPhone 18 моделите би биле претставени околу март 2027 година заедно со iPhone 18e. 

Во септември, со iPhone 18 Pro и iPhone 18 Pro Max може да се очекува претставувањето на првиот iPhone на преклоп, уред за кого може доста често да се прочита изминатите година дена. 

Со ваквата промена, наместо претставување на пет нови модели во септември, Apple ќе ги распредели нивните нови телефони по три од настан, со простор да бидат додадени дополнителни нови модели. 

Повеќето конкуренти претставуваат нови телефони барем два пати годишно, па доколку и Apple се префрлат на ваквата практика тоа за нив може да значи поголеми приходи кои нема да бидат концентрирани само во еден период од годината. 

За оваа година се најавува дека нема да има никакви промени на овој план, па во септември ги очекуваме iPhone 17, iPhone 17 Air, iPhone 17 Pro и iPhone 17 Pro Max.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2Apple Insider
Претходна статијаИрската Комисија за заштита на податоци го казни TikTok со 530 милиони евра за прекршување на GDPR
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.