Ако помисливте дека Apple ќе остане на iPhone X дизајнот (голем дисплеј со минимална рамка) наредниве неколку години, како што тоа го правеше со iPhone-ите досега, сте погрешиле. Имено, исто како и Samsung и LG и тие спремаат iPhone кој ќе може да се превитка на половина, односно кој ќе има свитлив дисплеј.

Како што веројатно веќе знаете, особено доколку не пратите последниве неколку години, водечки во технологијата за развој на дисплеи и смартфони кои можат да се свиткаат се Samsung и LG и логично е, Apple да се здружи со една од тие компании за развој на таков iPhone – OLED дисплејот за “X” на пример го прави Samsung.

Сепак, бидејќи Samsung им е многу поголем конкурент, за наредниот голем исчекор за iPhone тие ќе се здружат со LG, компанија која планира многу поголемо производство на OLED дисплеи наредниве неколку години – во моментов околу 90% од таквите екрани во светот ги произведува Samsung.

Во приказната за зголемување на производството на OLED дисплеи од страна на LG најверојатно удел ќе има и Apple, кој според информациите, ќе вложи 2,6 милијарди долари во нови капацитети, сума со која американскиот бренд би се осигурал дека Samsung нема да профитира од нивните телефони.

Како и да е, оваа информација сѐ уште треба да се земе со задршка – Apple уште го нема лансирано телефонот со мала рамка на пазарот и има реални проблеми да произведе доволно голем број, па да се зборува за свитлив смартфон е малку прерано.

Според она што го знаеме, скоро сигурно Samsung ќе биде првиот со ваков модел, а пред Apple дури би можел да биде и LG, кој сигурно ќе сака прво да ја покаже технологијата на свој модел, а дури потоа да ја продаде на Apple за користење во нивните смартфони.

Извор: Android Authority, MacRumors, 9 to 5 Mac

Претходна статијаSpaceX по 14-ти пат годинава лансираше Falcon 9 ракета
Следна статијаYouTube тестира auto play опција во својата апликација
0 0 votes
Article Rating
Subscribe
Notify of
guest

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments