Според информации од Nikkei Asia, Apple оваа година го намалува производството на iPhone 12 mini за 70%, а можеби и повеќе. Со ова станува јасно дека корисниците сепак немаат покажано доволно интерес за овој помал телефон, кој според информациите претставува само околу 10-15% од вкупната продажба на iPhone 12 серијата.
Оваа информација само потврдува нешто што е веќе со години познато, а тоа е дека корисниците ги сакаат поголемите телефони. Со денешните помали рамки, веќе телефонот не мора да биде огромен, а сепак може да има доста голем екран, па големината на mini моделот можеби е премала.
За оваа година се очекува повторно да има mini модел кај iPhone 13 серијата, но сепак останува да видиме дали ќе има некакви промени кај тој модел.
Инаку, за оваа серија се очекува намалување на исечокот на екранот кој изгледа ќе биде тука уште година до две, како и воведување на стапка на освежување на екранот од 120 херци, барем кај Pro моделите.
За разлика од минатата година, оваа година се очекува претставувањето на iPhone да биде во стандардниот период во септември, а до тогаш ќе излезат уште доста неофицијални информации.