Nexus_4-lp

Оваа недела официјално стана достапна најновата верзија од Android 5.0 Lollipop за корисниците на некој од постарите Nexus уреди, односно за Nexus 5, Nexus 7 (2012 и 2013 Wi-Fi), како и за Nexus 10. Најавено беше дека оваа верзија може да ја очекуваат и корисниците на Nexus 4 моделот, меѓутоа информацијата не беше до крај сигурна.

Денес информацијата е потврдена, па корисниците на Nexus 4 уредите може да бидат мирни знаејќи дека нема да бидат оставени со постарата верзија од оперативниот систем. Сепак, тие не влегуваат во истата група со другите уреди, па најавата дека надградбата ќе биде достапна само ја додава изјавата наскоро.

Инаку, најавата доаѓа од Sascha Prüter од Google преку неговиот Google+ профил. Надградбата ќе го носи бројот на верзијата LRX21T кој што подолу во коментарите потврдува дека е за Nexus 4. Factory Images исто така моментално не се достапни за овој модел и истите ќе бидат достапни наскоро.

Извор: Google+, BGR, Android Police

Претходна статијаFacebook Messenger на Windows Phone со нова верзија
Следна статијаПретставен Skype for Web, користете го сервисот директно од вашиот прелистувач
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.