sfw1

Skype денеска претстави уште еден начин да го користите нивниот сервис, овој без потреба од инсталирање на апликација. Наречен Skype for Web, моментално во бета фаза, како што кажува и самото име, ќе биде наменет да го користите сервисот преку вашиот веб прелистувач. Компатибилен ќе биде со прелистувачите Internet Explorer, Firefox, Chrome и Safari.

Skype и сега може да се користи преку веб преку Outlook.com, меѓутоа со ова ќе се овозможи целосното искуство од десктоп апликацијата без потреба од имање и најавување со Outlook сметка.

Додека е во бета фаза, Skype for Web ќе биде достапен на ограничена бројка на постојни и нови корисници, по што постепено ќе биде пуштан за сите. Регистрирање за пробување на бета верзијата нема, а доколку сте избрани тоа ќе го дознаете со најавување на Skype.com.

Целта на сервисот е да функционира без потреба од инсталирање на било какви додатоци преку користење на WebRTC технологијата. Тоа значи дека доколку користите прелистувач кој што ја поддржува оваа технологија, ќе можете да правите аудио и видео повици без инсталирање на посебни plugin-и. Поддршка за оваа технологија ќе имаат сите популарни прелистувачи, што значи дека тоа нема да претставува проблем за сервисот.

sfw2

Сепак моментално за правење на аудио и видео повици потребно ќе биде инсталирање на додаток при првото најавување, по што стандардно ќе може да се користи сервисот.

Исто така ова ќе овозможи користење на Skype од страна на корисниците на Chrome OS уредите кои што немаат посебна апликација моментално.

Што се однесува до комуникацијата преку пораки, таа веднаш ќе биде возможна, па корисниците се што треба да направат е да се најават со нивната сметка.

Како што истакнуваат од Skype, оваа можност е наменета за ситуациите кога работите на компјутер на кој што не е инсталиран Skype. Тоа може да биде случајот во одредени јавни места како што се интернет кафеа, хотели и слично.

Извор: Skype, VB, The Verge

Претходна статијаAndroid 5.0 наскоро достапен за Nexus 4
Следна статијаMozilla започнува со прикажување на реклами на Firefox
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.