Apple наскоро треба да претстави четири нови iPad таблети, од кои нов модел во гамата ќе биде 10,5 инчниот iPad Pro. Според најновите информации за овој модел, тој ќе има повисока резолуција на дисплејот од 2244х1668 пиксели, со цел да се задржи истата густина на пикселите од помалиот, стандарден 9,7 инчен iPad.

Оваа информација е особено важна за дивелоперите, кои сега ќе треба да ги оспособат своите апликации за нова резолуција, покрај таа од 2048х1536 на малиот 9,7 инчен модел и 2732х2048 на поголемиот 12,9 инчен iPad Pro. Со овој потег, Apple ќе им овозможи на своите корисници исто искуство кој таблет и да го држат во раката, односно иста острина на дисплејот од 264 пиксели по инч, таканаречената Retina.

Покрај новата резолуција, новиот 10,5 инчен модел веројатно ќе има и многу помала рамка околу дисплејот. Ова ќе му овозможи да има скоро исти димензии како помалиот 9,7 инчен модел и покрај поголемиот дисплеј. Новиот модел во понудата веројатно ќе ја намали и цената на помалиот 9,7 инчен модел на 299 долари, што е ѓаволски добра цена за еден Apple iPad. Исто така, овој модел би можел целосно да го замени iPad Mini и на крај да видиме само три нови iPad таблети во понудата.

Сите овие информации сепак не се потврдени и како и секогаш треба да се земат со задршка (ги дала директорот за таблети и лаптопи на IHS Markit), иако имаат доволно смисла за да бидат вистинити, освен откажувањето на продажбата на iPad Mini.

Извор: Mac Rumors, Techno Buffalo, BGR

Претходна статијаНови методи на следење на безбедноста на сообраќајот на патиштата
Следна статијаДали знаете да формулирате добар и уверлив опис на вашиот продукт?