Веќе зборувавме за бенефити и какви видови ги има, па ја имаме потребната листа со чија помош може да ја одредиме уверливоста на нашите констатации.

Сега прашањето е дали знаете како да ги демонстрирате придобивките на јасен и уверлив начин? Размислете за тоа што ве придвижува вас да посветите време и енергија на вашата иновација? Која е вашата визија за тоа како може да ги смените животите на луѓето со помош на технологија?

На пример, ако вашата иновација помага да зачувате енергија, на кој начин ќе го констатирате тоа? Дали вашата констатација кажува јасно што е подобрено кај вашиот продукт? Изјавите во стилот дека ја имате најдобрата технологија на светот или дека имате сигурна технологија по прифатлива цена не се многу информативни за купувачот. Доколку сите ваши конкуренти се изразат на истиот начин, во тој случај вашата констатација не содржи ништо уникатно.

Ајде да разгледаме неколку фрази кои би можеле да бидат подобро формулирани:

  • продуктот го има најнапредниот систем на светот
  • продуктот има едноставен дизајн
  • продуктот освојува многу награди
  • продуктот има добар квалитет

Која од овие фрази ве убедува дека е вистинита? Дали сите ќе се сложат дека вашата технологија е најнапредната на светот? Кој одредил дека дизајнот е едноставен? Кои награди сте ги освоиле? Што точно се подразбира кога ќе кажете дека продуктот има добар квалитет?Ајде да  видиме како можеме да ги трансформираме овие констатации во јаки и убедливи искази.

Наместо да кажувате дека системот е најнапреден, запрашајте се следново: дали има некоја функционалност која може да ја искористите за да го поткрепите вашето “фалење”. Квантифицирајте. Штом ги идентификувате вашите бенефити, одредете ги метриките со чија помош можете да ја зајакнете вредноста што се нуди на потенцијалните клиенти.  На овој начин, придобивките стануваат многу пореални и повистинити во очите на потрошувачите. На пример ако кажете дека технологијата ја подобрува километражата на гас за 17% и дека се зачувуваат 240 долари на годишно ниво или дека се заштедуваат 10 часа на програмерите во развојниот процес, веднаш работиме со конкретни метрики кои нудат поинаква претстава во главата на купувачот.

Дали ги разграничивте разликите? :)

Останете со нас на темата за бенефити и пишете ни го вашето мислење во коментар.

Претходните написи можете да ги најдете на следните линкови:

Модул 2 – Кои се бенефитите на вашиот продукт?

Модул 3 – какви бенефити носи вашиот продукт?

Модул 3 – какви бенефити носи вашиот продукт (втор дел)?

Претходна статијаНов 10,5 инчен iPad Pro ќе има повисока резолуција од 2244х1668 пиксели
Следна статијаLenovo Yoga 720 е достапен „2 во 1“ Windows 10 уред со одлични спецификации