Google дефинитивно се решени да веќе не им дозволуваат на корисниците да ги блокираат рекламите на нивниот сервис YouTube. Изминатите година и нешто повеќе пати можевме да прочитаме за мерките кои ги преземаат од компанијата, па изгледа сега имаат уште една.
Според информациите, кои сепак не се официјално потврдени од страна на Google, корисниците кои користат додатоци за блокирање на рекламите нема да можат да ги гледаат видеата. При пуштањето на видео истото ќе „прескокне“ на крајот, а корисниците не можат да го вратат назад или да го пуштат на било која позиција.
Јасно е дека корисниците на крајот ќе мораат да го користат сервисот и да ги гледаат рекламите или да се претплатат на YouTube Premium каде воопшто нема реклами, а достапни се и дополнителни предности.
За голем дел од корисниците оваа претплата сепак не е прифатлива и истата не е толку ниска, посебно кога ќе се додаде на останатите претплати кои корисниците може ги плаќаат за сервисите како Netflix и сличните.
Бизнис моделот на Google во главно се базира на реклами, така да не може да се очекува промена на политиката за било кој од нивните сервиси.