Фото: Shutterstock.com

Google, со објаснување дека многу видеа добиваат голем број на „dislike“ реакции како дел од напад, реши дека веќе нема да ја прикажува бројката на реакции од ова копче кај сите видеа на мрежата.

Оваа одлука прво била тестирана, по што од компанијата истакнуваат дека ситуацијата била многу подобрена, односно кај видеата каде била скриена бројката на „dislike“ реакции, истата била значително намалена. По ова, тестот се смета за успешен и оваа промена ќе стане дел од сите видеа на YouTube почнувајќи од оваа недела.

Според Google, мета на напади, како што тие го нарекуваат, се најчесто помалите канали и новите канали, а со ваквото однесување тие не можат да успеат да ја зголемат својата гледаност.

Копчето „dislike“ ќе остане, односно корисниците ќе можат да продолжат да го користат и со тоа да влијаат на алгоритамот кој им препорачува видеа на YouTube. Доколку некое видео не им се доаѓа, тие ќе може да го означат како такво и мрежата нема или поретко ќе им препорачува такви видеа, но копчето нема да може да се користи за намерно намалување на угледот на видеото.

Од компанијата го објаснуваат овој нивни потег во видеото во продолжение.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2YouTube
Претходна статијаNetflix почнува со користење на AV1 кодекот кај телевизорите
Следна статијаКаСис – златен спонзор на Четвртата годишна конференција за е-трговија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.