Фото: Shutterstock.com

По пуштањето на AV1 кодекот кај Android мобилните минатата година, сега од Netflix овој кодек ќе почнат да го користат и кај телевизорите, можеби поважен уред кога е во прашање следењето на содржината од компанијата.

Овој кодек, кој е развиен од Alliance of Open Media каде Netflix се едни од основачите, овозможува подобар квалитет на содржината со помала потрошувачка на интернет, односно со подобра компресија.

Поради тоа, кодекот во главно може да се користи на уреди кои имаат нешто посилни карактеристики, па затоа и не сите телевизори ќе станат дел од оваа новина од Netflix.

Од компанијата во нивното соопштение, каде може и повеќе да се прочита за AV1 кодекот и неговото имплементирање, не истакнаа кои корисници може да го очекуваат, па затоа порталот The Verge го има одговорот.

AV1 кодекот може да го очекуваат сопствениците на одредени Samsung телевизори од 2020, односно UHD, QLED, 8K QLED, The Frame, The Serif и The Terrace телевизорите. Покрај овие телевизори, AV1 кодекот ќе го добијат и корисниците кои гледаат Netflix преку Play Station 4 Pro, одредени Amazon Fire TV телевизори, како и телевизорите кои имаат Android TV, но со верзија 10 или понова од оперативниот систем.

Ова не е мала бројка на уреди, но сепак процентот на корисници кои ги имаат овие понови телевизори е помал, а посебно во нашата земја. Со тек на време, сите корисници ќе го користат AV1 кодекот, со што би требало да имаат подобар квалитет на сликата, со истата потрошувачка на интернет.

Претходна статијаЦрвениот Крст со парична помош за семејствата на загинатите во Ковид центарот во Тетово
Следна статијаYouTube веќе нема да ја прикажува бројката кај „dislike“ копчето
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.