Конференцијата за дигитален маркетинг AllWeb отвори свој јавен чет на Вајбер (Viber Public Chat) во Македонија. Отсега, сите корисници на оваа апликација ќе може да бидат во тек со подготовките, во живо да ги следат интервјуата со говорниците и да добиваат важни информации поврзани со настанот.
“Исклучително сме задоволни што партнерството со Вајбер ни овозможи да ја искористиме оваа можноста за отворена комуникација и претставување на нашиот бренд пред публиката со помош на популарната апликација. Концептот на конференцијата е да биде прифатена како двигател на промените и оваа наша активност ја потврдува заложбата да ја постигнеме целта“- изјави Славица Биљарска Мирчески, еден од организаторите на AllWeb.
Јавниот чет на Вајбер отворен за конференцијата AllWeb е достапен на viber.com/allwebmk и на него може да се приклучи секој корисник на Вајбер.
Јавниот чет на Вајбер е услуга која им овозможува на јавните личности, компаниите и брендовите да водат и споделуваат јавни дискусии со фановите. Овој дел од сервисот веќе е достапен во регионот, каде неколку медиуми и компании го користат за интеракција со пошироката јавност.
Со повеќе од 606 милиони корисници, Вајбер посебно ја акцентира важноста на локализираниот пристап- давајќи им можност на корисниците за поврзување и меѓусебно испраќање на позитивни вибрации и поддржува блиски релации со јавните личности, брендовите и медиумите.