Три одлични серии премиерно ќе бидат прикажани на Pickbox TV во јануари. Не пропуштајте го документарецот награден со „Оскар“O.J.: Made in America, визуелно прекрасната и необична серија Little Birds, како и новата канадска криминалистичка серија Pure

О. Џеј: Произведено во Америка (O.J.: Made in America)

Предизвикувачки, интересен, контроверзен, популарен, тежок, комплициран – сите тие се поими со кои може да се опише О-Џеј Симпсон. Мини-серијата„O.J.: Made in America“ која освои „Оскар“ за најдобар документарен филм, како главна тема го има баш неговиот живот. Од кариерата во американски фудбал и популарноста во американската култура, до судењето за убиство на неговата жена Никол Браун Симпсон и Роналд Лајл Голдман за кое е ослободен, како и судењето за грабеж во Лас Вегас, 13 години подоцна, оваа мини-серија ги прикажува американското општество, расните односи и многу други работи. 

Ќе се емитува од 17 јануари, веднаш по „Поаро“. 

Малечки птици  (Little Birds)

Необична и визуелно прекрасна, оваа драмска серија е инспирирана од една збирка кратки еротски приказни. Со Џуно Темпл („Maleficent“, „The Dark Knight Rises“) во главната улога, дејствието се врти околу вечните теми за тие што ја имаат моќта и за тие што сакаат да бидат слободни. Оваа серија во 6 дела е опишана како необична, амбициозна и визуелно прекрасна, а впечатливите сцени нема лесно да ги заборавите. 

Ќе се емитува од 10 јануари.

Беспорочен (Pure)

Новата канадска криминалистичка серија Беспорочен (Pure) е инспирирана од вистинити настани, а ќе ве воодушеви со лудата приказна и одличните, сложени ликови. Дејствието на „Pure“ се врти околу една мрежа на организиран криминал и шверц на кокаин и марихуана од Мексико во Канада и САД.

Дејствието се одвива во измислениот град Антиок, Онтарио, каде што го следиме новоизбраниот менонитски свештеник Ну Фанк, кого го глуми одличниот канадски актер Рајан Робинс.

Серијата почнува со прикажување на Pickbox TV на 24 јануари.

Претходна статијаBransys: Новата генерација на иновативни технолошки решенија повторно во живо на CES 2022 во Лас Вегас
Следна статијаЏонсон Мети обезбеди приватно здравствено осигурување за вработените во Македонија