Фото: Shutterstock.com

Според информации од Reuters, Министерството за внатрешни во Русија има отворено истрага за Netflix поради пријава дека одредена содржина во LGBT категоријата била означена како погодна за гледање на публика постара од 16 години.

Според руските закони, овој вид на содржина не смее да се препорачува, односно означува како погодна за гледање на лица под 18 години.

Од компанијата истакнуваат дека после проверка на нивната содржина, тие немаат најдено некоја како што стои во обвинувањата.

Доколку биде заклучено дека тие го имаат прекршено законот, можно е да бидат казнети до околу 13.000 долари, а можно е и да добијат привремена суспензија на сервисот.

ИЗВОРEngadget
Претходна статијаA1 Македонија за новогодишни празници со тебе
Следна статијаСеавус Code Talks настанот посветен на Java технологиите ќе се одржи на 1 декември
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.