Скопје, 26.11.2021 –  А1 Македонија ја започнува празничната новогодишна еуфорија и со задоволство ја најавува новата атрактивна промоција со која на сите корисници им овозможува да ја дочекаат новата 2022 година со неограничена комуникација, многу содржини и ТВ уреди по најповолни цени.

Како компанија која нуди конвергентни услуги, А1 Македонија ја збогати својата A1 Combo понуда со која корисниците можат да ги поврзат мобилните и фиксните услуги и да заштедат. Овојпат, корисниците ќе имаат екслузивна можност да ги искористат најголемите попусти годинава, како на A1 Combo тарифните модели, така и на многубројните атрактивни уреди. Притоа, корисниците ќе добијат пристап до најдобрата телевизија на нашиот пазар, А1 Xplore TV, која нуди многубројни функционалности за корисникот, како инсталирана апликација YouTube и YouTube Kids, следење на телевизија на повеќе различни екрани, можност за снимање, пребарување и премотување и сето тоа со одличен квалитет на слика.

“Новогодишните празници се за убави моменти поминати со најблиските, затоа нашата понуда е креирана со цел да им овозможи на корисниците подготвени да ги дочекаат празниците и да ги исполнат со единствени моменти на среќа. Со новата понуда, со која корисниците добиваат заштеда на претплатата, како и попуст за избор на нов уред, верувам дека ќе допринесеме овие празници да бидат посебни. Технологијата може да замени многу нешта, но не може да ги замени луѓето и искуствата кои ги доживуваат додека се заедно со своите најблиски”, изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.

За новата понуда која е промотивна и ќе важи ограничен период, повеќе информации можат да се добијат на www.A1.mk

Претходна статијаТелеком продолжува да ја гради 5G мрежата низ Македонија
Следна статијаNetflix под истрага во Русија поради LGBT содржина

Оставете коментар

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.