Како што претходно беше најавено, една од особено интересните алатки во рамките на Google Maps, ја заврши својата кариера изминатиот петок. Се работи за алатката која им овозможуваше на корисниците по сопствена волја да ги надополнуваат празнините во однос на информациите кои мапите ги поседуваат.

Алатката беше додедена во 2008-ма година, а корисниците имаа прилика да надополнат или исправат податоци кои мапата ги нуди за одредено место. Опцијата беше неверојатно практична бидејќи на почетоците на развојот на Maps истите немаа сосема точни и прецизни информации, особено за места кои допрва беа дополнувани во глобалната карта.

Алатката, конечно замина во „пензија“ минатиот петок, а зад себе остави големо влијание на изгледот на картата која ја користат милиони корисници. Меѓутоа, develop-ерите се соочуваа со проблеми, најмногу од безбеденосни причини или можност за злоупотреба на алатката.

За таа цел, Google го воведе принципот на Local Guides (локални водичи), односно принципот на наградување на корисниците кои се залагаат за квалитетно дополнување на информациите на мапите, особено што се однесува до бизнис листите. Може да се заклучи дека Local Guides полека ја превзема улогата на „пензионираниот“ сервис, со уште попрактични карактеристики.

Од Google најавуваат дека наскоро ќе биде возможно да се вршат корекции на рутите, ќе може да се пријавуваат погрешно обележени патишта, па дури и во живо да се пријавуваат застои на патиштата или друг вид на настани кои влијаат на сообраќајот.

Претходна статијаТоп 10 најпродавани книги во Македонија во последните 5 години
Следна статијаИднината на технолошкиот напредок со Неотел