Netflix од оваа година ќе добие збогатување на изборот на содржина која е достапна со филмови од филмското студио на Стивен Спилберг, Amblin Partners. Под ова студио се и DreamWorks Pictures, меѓу другите, па може да се очекуваат добри наслови.

Од компаниите не дадоа многу информации за што точно и кога може да се очекува, па само знаеме дека на Netflix ќе бидат достапни по неколку филмови годишно од ова студио.

Оваа најава е интересна и поради тоа што Стивен Спилберг пред неколку години беше против тоа да филмовите кои се направени за стриминг сервисите, како Netflix, можат да бидат номинирани за Оскар. Пуштањето на филмот во некое кино неколку недели само за да може да биде номиниран, според него не е нешто што треба да се дозволи.

Сепак, ковид кризата направи да долго време кината не можеа да работат, а на некои места и уште не работат, па стриминг сервисите станаа главното место каде што се пуштаат новите филмови, а ова сигурно ќе остане случајот и во иднина, без разлика на кино салите.

ИЗВОРTechCrunch
ИЗВОР 2Netflix
Претходна статијаВтора дружба со The Big Short
Следна статијаЏон Мекафи пронајден мртов во својата затворска ќелија во Шпанија
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.