By NullSession from Bettendorf, Iowa, United States - John McAfee @ Def Con, CC BY-SA 2.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=45989076

Џон Мекафи, кој најверојатно на повеќето им е познат по безбедносниот софтвер кој го носи неговото име, е пронајден мртов во неговата затворска ќелија во Шпанија во која е од минатиот октомври. Според информациите, Мекафи има извршено самоубиство кое веќе се става под сомневање, меѓу другото и поради неговата најавата дека тоа може да се случи и дека нема да биде по негова вина.

Мекафи, кој имаше 75 години, веќе подолг период е во бегство од САД каде е обвинет за затајување на данок, но исто така и за измами поврзани со крипто валути. Тој изминатите години стана многу повеќе познат по своите ставови кон властите, стилот на живот и слично, отколку за тоа со кое обично неговото име беше поврзувано.

Пред да ја започне својата McAfee компанија во 1987 година, Џон Мекафи има работено во NASA, Xerox и Lockheed Martin. Неговата позната компанија за интернет безбедност ја води до 1994, а ја продава на Intel во 2011. Софтверот и денеска го носи неговото име, иако може да се каже дека веќе одамна не постои никаква поврзаност, а и Intel веќе не се главните сопственици.

Адвокатот на Мекафи истакна дека поради состојба на очај после девет месеци во затвор, Мекафи се има обесено во својата ќелија.

Овој случај веднаш е ставен под сомневање од одредени страни кои истакнуваат дека ова не е првпат да се случи нешто вакво со лица кои се обвинети за нешто во САД.

ИЗВОРCNBC
ИЗВОР 2Reuters
Претходна статијаAmblin Partners на Стивен Спилберг потпишаа договор за филмови со Netflix
Следна статијаАнгеловска домаќин на вториот регионален eTrade for Women Мастерклас за Балканот кој ќе се одржи следната недела
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.